Американски и руски воени авиони во саботата се приближиле на растојание, при што била можна визуелна идентификација над Сирија, изјавил американски воен портпарол.
Полковник Стив Ворен, портпарол на меѓународната коалиција предводена од САД, изјави на прес-конференција во Министерството за одбрана во Вашингтон дека воените авиони се приближиле на неколку милји, истиот ден кога американски и руски воени претставници преговараа за безбедносни проблеми.
– Екипажите на авионите и на двете земји дејствувале професионално, истакна Ворен.
Ваквиот случај ја нагласува потребата САД и Русија да усвојат безбедносни правила.