Во Велес од обилните дождови се урна потпорен ѕид

Од:

Обилните врнежи кои изминатиот викенд  кои го зафатија Велес го урнаа  потпорниот ѕид на улица „Орце Мартинов“ во должина од 13 метри. Нема повредени и не се предизвикани штети на околните куќи.

На денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев информира дека денеска извршил увид на лице место и ги ангажирал службите за расчистување на теренот и за преземање на сите потребни мерки за безбедност, како и најбрзо санирање-изградба на ѕидот кој е од голема важност за безбеден премин на улицата.

Одговарајќи на новинарско прашање Чадиев потенцира дека ѕидот  неодамна го изградиле жителите со материјал од Општина Велес. Тој најави дека овој ѕид кој не бил граден според стандардите ги натерале надлежните служби на Општина Велес во иднина да не им издаваат материјал на граѓаните за градење на потпорни ѕидови и слично, туку сите градежни работи, нагласи, да ги изведуваат надлежните служби во согласност со сите стандарди и правила за градба.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес