Фејсбук објави дека тестира шест алтернативи за класичната опција „лајк“ со цел на корисниците да се овозможат и други нови реакции на објавените содржини.
Освен опцијата „лајк“ веб корисниците ќе имаат можност да употребат сликички, познати како емотикони, со кои се искажува смеење, радост, изненаденост, тага, бес, а постои и слика со срце.
Новите опции на почеток ќе бидат тестирани во Ирска и Шпанија на уреди што функционираат на оперативни системи иОС и Андроид, како и на персонални компјутери.
Шефот на Фејсбук Крис Кокс објави во видео порака дека компанијата искрено се надева дека новата опција наскоро ќе биде достапна за сите корисници.