Во акција на чешката полиција проверуван и домот на поранешен министер за внатрешни работи

Од:

Припадници на Одделението за борба против организираниот криминал (УООЗ) во денешната рација организирана поради сомневање за корупција, врши проверка во домови и канцеларии на повеќе лица, меѓу кои и на чешкиот поранешен министер за внатрешни работи Иван Лангер, јавуваат чешките медиуми.

Со оглед на информациите дека се работи за злоупотреба на функцијата и примање поткуп, се претпоставува дека меѓу осомничените има и вработени во јавната администрација, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешката државна телевизија (ЧТ) објави дека приведувањата се поврзани со работата на соларната електрана „Шеветин“, близу до Чешке Будејовице која почна со работа во 2010 година, а проектот е на Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“.

Неделникот „Респект“ на својата интернет страница информира дека се работи за неколкумилионска сума, која била наменета за еден од гарантите на градбата, а дел од парите биле уплатени на сметката на адвокатска канцеларија во Прага, каде до 2010 работеше екс-министерот Лангер.

Обвинителството и полицијата засега не ги коментира случувањата.

Лангер, кој беше министер во Владата на премиерот Мирек Тополанек од 2006-2009 година, деновиве го доби спорот за клевета, кога побара извинување од весникот „Млада фронта днес“ заради артикл во кој беше поврзуван со убиениот контроверзен стопанственик Франтишек Мразик.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница