Се уште нема договор за Изборниот законик

Од:

Тешко оди договарањето за новите изборни правила. Преговорите кои траеле до рано утрово се прекинати без договор. Според информациите на А1он ќе продолжат денеска.

Сo договорот од Пржино, рокот за оваа област истече на 6. октомври.

Засега, секој останува на своите ставови за гласањето на дијаспората, воведување на Бадентеровото мнозинство како модел за одлучување во Државната изборна комисија, чистењето на избирачкиот список и како медиумите треба да известуваат од изборната кампања.

Доколку беше постигнат напредок за верзијата што ја понудија странските посредници, законот требаше од денеска да влезе во собраниска процедура.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, во интервју предупреди дека препораката за Македонија за членство во ЕУ, што треба да се случи кон крајот на октомври во многу ќе зависи од реализацијата на договореното од Пржино.

Странците веќе изјавија дека се разочарани од „одредени игри и тактизирања“, но и тоа дека се оптимисти дека ќе надвладее свеста дека е неопхдно да се има фер и демократски изборен процес.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Украинците предлагаат целосeн прекин на огнот

Горан Наумовски

Зеленски: Москва прави сè што може за да биде неуспешен следниот состанок

Москва чека одговор од Киев дали ќе има состанок во Истанбул на 2 јуни

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Завршија руско-американските разговори во Истанбул