(ВИДЕО) СДСМ Кривогаштани: Зошто Кризниот штаб на општината, формиран за време на последните поплави не функционира?

Од:

„Вчера беа поплавени дел од нивите во селото Крушеани во општина Кривогаштани каде целосно е уништен родот од пиперките. Сопствениците на нивите се жалат дека досега многу малку собрале од родот бидејќи на тоа место пиперките покасно зреат“, велат од СДСМ Кривогаштани.

„Причината за ваквата катастрофа ја гледаат во мостот кај селото Воѓани кој наместо да е изграден од соодветна конструкција, тој е импровизиран со прстени кои се затворени од наноси и не можат да пропуштат толкава количина на вода. Истовремено ја обвинуваат локалната власт и градоначалникот Тони Заткоски. И покрај тоа што ваква поплава се случи и пролетоска и надлежните  ветија  дека ќе ги санираат критичните точки во општината, тоа не го сторија“, соопштуваат од СДСМ Кривогаштани.

„Со реакција излезе и Општинската организација на СДСМ од Кривогаштани. Тие прашуваат зошто Кризниот штаб, формиран за време на претходните поплави не функционира. Изјавија и дека пред неколку недели нивните советници побарале извештај за работата на Кризниот штаб, предупредувајќи за можност од нови поплави, но одговор сеуште не добиле“, велат од СДСМ Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски