СДСМ: Ниту една најава на Груевски не може да ги покрие хорор фотографиите од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

„Ниту една најава на Груевски после 10 годишното расипничко владеење, не може да ги покрие последните хорор фотографии од покиснатите ходници и простории во студентскиот дом Гоце Делчев.

И вчера, и денеска, и утре повторно, студентите ќе се разбудат во влага и мувла, во нехумани животни услови.

Овој човек, Груевски, во април 2013, па во март 2014 ветуваше целосна реконструкција на Гоце Делчев, како и на студентскиот дом Медицинар.

Од 2006 до овој момент нема ништо од најавените реконструкции!

Зошто би верувале на вчерашната изјава на Груевски, а и нели е малку доцна за најави?

Премиерот во заминување нема повеќе што да ветува за младите и студентите. Единствен негов “успех” е што исели од државата над 400.000 граѓани, а 75 проценти од младите се гледаат надвор од Македонија.

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата има поднесено амандман на Предлог Буџетот за изградба на целосно нов студентски центар, во близина на студентскиот дом Гоце Делчев. Но вистински промени како за сите, така и за младите се можни кога оваа власт ќе замине“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?