Турците во Германија загрижени поради можни судири со Курдите

Од:

Првиот човек на турската заедница во Германија, Гокај Суфоглу ги повика симпатизерите на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) на воздржаност.

Суфоглу е загрижен дека по експлозиите во Анкара, во кои за време на протест на прокурдската партија ХДП загинаа речиси 100, а повредени беа повеќе од 500 луѓе, би можело да дојде до судири меѓу турските и курдските националисти во Германија.

Тој е загрижен поради традицијата на турско – курдски судири но и поради однесувањето на радикални групи и поединци на социјалните мрежи.

– И покрај тоа што радикалите во двете етнички групи во Германија се малцинство сепак постои простор за инциденти, смета Суфоглу.

На воздржаност повика и потпретседателот на Зелената партија, Оздемир Чем кој од ЕУ побара да ги замрзне сите разговори со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Било каков договор со турскиот претседател пред изборите закажани за 1 ноември би можел да се толкува како поддршка за Ердоган, смета Чем, кој за инцидентите во Анкара ја обвини и турската Влада.

Конфликтот меѓу турските власти и курдските бунтовници кој трае со децении, а се интензивираше во последниви неколку месеци кога загинаа околу 140 турски војници и околу 1.700 курдски борци, постојано предизвикува насилни инциденти во Германија каде што живеат значителен број на Турци и Курди од Турција.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски