Премиерот Никола Груевски повторно актуелен на социјалните мрежи поради неговата математика за нововработените во државава. Тој во вестите на Сител синоќа се пофали дека оваа влада најмногу вработувала досега, но математика не беше точна.
Груевски кажа дека 5.800 се вработени од странски инвестиции и 7.150 од проектот „Македонија вработува“. Според премиерот тоа вкупно биле 19.000 нововработени, иако збирот на овие две бројки е 12.950.
Премиерот не појасни што е со разликата од 6.050 вработени, односно по која основа ќе испадне дека се вработиле.