Директорот на струшкиот музеј обвинува за кражба на музејски документи

Од:

Во Струга беше промовирана монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“, од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот проф д-р Марјан Димитриевски, посветена на првиот лекар во Струга и струшко кој се зафатил со сузбивање на маларијата и други болести на овие простори.

Бил иницијатор за изнаоѓање на чиста вода за пиење, мелоризација на блатото и сузбивање на ларвите на комарците, а неговата сопруга Софија, била заслужна за унапредувањето на културниот живот. Но објавувањето на оваа монографија предизика жестока реакција во струшкиот музеј кои исто така работеа на изработка на монографија посветена на Незлобински.

Директорот на музејот Сашо Цветкоски обвини дека авторите на оваа монографија присвоиле документи, материјали, фотокопии и факсимили кои биле сопственост на музејот

„ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако знаеја дека се подготвува сеопфатна Монографија за Никола Незлобински, во издаваштво и редакција на Музејот. Овој чин го сметам за кражба и рушење на угледот на националната установа Никола Незлобиснки“, кажа Цветкоски.

Цветковски рече дека ќе ги преземат сите законски мерки кои што им стојат на располагање за да го ја спречат кражбата на материјали.Еден од авторите на монографијата Стојан Ковачевски ги негира обвинувањата на директорот.

„Цветкоски ми соопшти дека откриле нови документи , но книгата веќе беше отпечатена. Ние имавме писмен преддоговор со Музејот, легален, потпишан од Музејот, а јас жалам што настана застој во соработката“ рече Ковачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга