Реакција на Регионалниот кризен штаб: Сите канали за кои обвинувате дека не се исчистени, СЕ исчистени

Од:

„Определени интернет портали и политички партии ги искористуваат врнежите за ситни дневно политички цели и како секогаш ја напаѓаат локалната самоуправа.

Само да Ве информираме дека сите канали за кои обвинувате дека не се исчистени, СЕ исчистени и сите скинати насипи се затворени и Ве молиме веќе еднаш направете разлика од поплава и пороен дожд.

А вашето обвинување (невистинито како и секогаш) дека нема екипи на терен да ве информираме дека:

Регионалниот кризен штаб ја следи состојбата во врска со обилните врнежи кои го зафатија Пелагонискиот регион и цела Македонија . Рано изутрина беше оддржан координативен состанок на Кризниот штаб на кој беа изнесени најновите информации за состојбата и превенциите кои се превземаат, од обилните врнежи кои го зафатија градот Прилеп и населените места.

Дежурните екипи на Јавните претпријатија, Центарот за управување со кризи и сите останати релевантни институции, се на терен од синоќа и постојано ја следат ситуацијата, а нивото на Црна Река е под контрола, но сепак состојбата постојано се следи.

Ги повикуваме политичките партии и одредени интернет портали пред да обвинуваат за невистини да се консултираат со нивните стручни кадри (ако воопшто ги имаат) за тоа како се превенира во ситуации кога има поројни дождови , а НЕ поплави.

А истовременео за информации на располагање е и Кризниот штаб да ги даде потребните информации“, се вели во реакцијата на Регионалниот кризен штаб.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница