Екипата на Кожув го совлада Работнички со 88:67 на отворањето на новата сезона во мак-баскетот и на тој начин му се реваншира на најтрофејниот македонски клуб за високиот пораз во Супер купот.
На вториот синоќешен дуел од 1. колово Првата лига Карпош Соколи – Бест 113:62.
Денеска бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува Струмица.
Почетокот на овој натпревар е од 19 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Првото коло ќе биде комплетирано во вторник со средбата Фени Индустри – Куманово.