Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ (Србија) се пласира во финалето на АТП турнирот во Пекинг, откако попладнево во втората полуфинална пресметка го совлада Давид Ферер (Шпанија) со 2-0 во сетови.
Во првиот сет Ѓоковиќ на противникот му препушти само два гема (6:2), а во вториот еден повеќе (6:3).
Во обидот да ја освои својата шеста титула во главниот кинески град, Ѓоковиќ ќе треба утре во финалето да биде поуспешен од Шпанецот Рафаел Надал.
Шпанскиот тенисер во првото полуфинале беше подобар од Фабио Фоњини (Италија) со 2:0 во сетови.
Досегашниот биланс на меѓусебните мечеви Надал – Ѓоковиќ е 23:21 за Шпанецот.