Благој Нацоски настапи во најстариот театар во светот

Од:

Македонскиот тенор Благој Нацоски, синоќа (9 октомври) одржa концерт со хорот и оркестарот на театарот „Сан Карло“ во Неапол во чест на 300-годишнината од раѓањето на композиторот Пасквале Кафаро. На концертот што се одржа на Дуомо ди Наполи настапија и мецосопранот Адриана Ди Паола, сопраните Росана Савоја и Мари Пјер Руа, под диригентската палка на маестро Пјетро Боргоново.

Театарот „Сан Карло“ во Неапол, кој е настар во Европа, важи за една од најпрестижните оперски куќи во светот, а оваа година беше избран за најубав театар во светот од страна на „Best Five“ и од „National Geographic“.

До крајот на овој месец Нацоски ќе биде ангажиран во нова продукција на операта „Дон Џовани“ од Моцарт во Сасари, инаку вкупна десетта во неговата кариера, а веднаш потоа заминува за Јужна Кореја, каде ќе го пее „Севилскиот берберин“ од Росини.

На крајот на ноември ќе одржи рецитал во Милано, а ќе го изведе „Dicherliebe“ од Шуман, како и македонски вокални дела од Прокопиев, Скаловски, Фирфов, Џамбазов, Голабовски, Коларовски, Андреевска. Во текот на месец декември ќе го пее повторно Дон Отавио во „Дон Џовани“ во Потенца, Италија.

Македонскиот тенор на почетокот од септември дебитираше на Кипар толкувајќи ја улогата на принцот Рамисо во операта „Пепелашка“ од Росини, на „Пафос Афродите Фестивал“, а потоа следеше и деби во Шпанија и тоа со целовечерен рецитал на „Фестивал Опера Беникасим“, каде насловите во весниците по концертот гласеа „Белкантото на Нацоски го трогна Беникасим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски