ВИДЕО: Откриени тунели под Дамаск, жестоки „подземни“ борби со Исламска држава

Од:

По жестоките удари на руското воено воздухопловство и воената морнарица, сириската војска ослободи неколку градови и села кои беа под контрола на џихадистите.

Пред копнениот напад сириската војска извести дека имала најмасовна поддршка досега од воздух во последните четири години. Првите копнени единици во урнатините наишле на големи подземни тунели во кои се борат со припадниците на Исламска држава.

Тешки борби се водат во подрачјето на покраината Хама и Алепо, главните економски центри на Сирија кои до неодамна беа под целосна контрола на џихадистите. Тешка е состојбата и во Дамаск, каде секојдневно се чисти теренот и во урнатините се водат борби против терористичките групи. Исламска држава во урнатините во подрачјето на Дамаск имаизградено утврдувања поврзани со тунели во длабочина од 15 до 22 метри.

Подземниот град во блискиот Јобар се протега на неколку квадратни километри. Експертите тврдат дека војската полека напредува и ги уништува тунелите, а во последното минирање на подземна скривница биле убиени 30 припадници на Исламска држава.

Вистинска војна во тунелите почнала кога сириската разузнавачка служба уапсила шпион кој во себе ги носел мапите на подземните комуникациски приоди под Дамаск. Тунелите не ги спасиле џихадистите од руските бомби, а во моментов беснее и вистинска снајперска војна во неколку квартови на Дамаск.

Новинарите известуваат дека офанзивата ги натерала припадниците на Исламска држава да бегаат кон Турција и Јордан. Според извештаите, тие го оставаат оружјето, а сириската војска фатила неколку милитанти кои со избричени бради се обидувале да ја преминат границата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети