Дали филипинската армиија затвора очи пред убиствата?

Од:

IRIN – Женева

Дали филипинската армија е во дослух со вооружени групи обвинети за убиства на цивили во јужниот регион Минданао? Ова е фокус на истрага на владата која конечно се согласи да ја спроведе.

Одговарајќи на притисокот во и надвор од земјата, меѓу кои и од Обединетите нации, владата на 22 септември одговори дека ќе ги истражи убиствата на тројца домородни активисти за човекови права од почетокот на месецов. Сега секретарот за правда Лејла де Лима рече дека истрагата ќе биде проширена за да ја испита пошироката улога на паравојските и нивните поддржувачи.

Кои се жртвите?

Убиените се познати како „лумади“ што е општ термин за домородните луѓе кои живеат во Минданао. Заедницата на лумадите се најде заробена во војните помеѓу филипинската војска и бунтовнички групи како што е Новата народна армија (НПА).

И војската и паравоените групи се обвинети за насилства врз цивили, а бруталното убиство на тројца домородни лидери од почетокото на месецов распали гнев и меѓународно внимание. Паравоената организација наречена силите Магахат Багани на 1 септемрви нападнаа домородно училиште во градот Лианга во провинцијата Суригао дел Сур, изјавија локални граѓански организации како и Хјуман рајтс воч и канцеларијата на високиот комесар за човекови права при Обединетите нации.

Во напад пред зори, членови на паравојската наводно ги скршиле вратите во интернат и ги извадиле надвор учениците и наставниците. Членовите на Магахат ги убиле администраорите за образование Дионел Кампос и Емерито Самарка, како и Јувиљо Синизо, племени водач. Според ХРВ, војници на филипинската армија дошле во градот ден пред нападот и постаивле камп во близина на училиштето, но не интервенирале кога се случиле убиствата.

Органзиациите за човекови права и околина исто ги обвинија војската и паравојските за обидите да ги протераат домородните луѓе од нивите прастари огништа со цел да направат пат за рударски компании. Провинцијата Суригао дел Сур беше прогласена од владата за „рударска престолнина на Филипините“. ХРВ забележува дека Кампос бил стакнат активист кој се спротивставувал на експлоатацијата на домородното население во рудниците.

Кои се паравоените организации?

Паравоената група Аламара оперира во провинцијата Давао дел Норте, а групи за човекови права велат дека ниви членови вршат дејствија заедно со војската. Според ХРВ, војниците ги придружувале членовите на Аламара кои во март напаѓале студенти и наставници во градот Талаингод. „Војниците стоеа пред училниците но им дозволија на Аламара да влезат внатре, целосно вооружени, и не обвинуваа дека сме поддржувачи на НПА“, рекол еден студент за ХРВ.

Силите Магахат Багани оперираат во провинцијата Суригао дел Сур. По убиствата на 1 септември, гувернерот на првинцијата Џони Приментал ја обвини војската за поддршка на паравоените групации, и им рече на репортерите: „Војската создаде монструм“.

И двете паравоени организации се составени од луѓе регрутирани од домородните заедници.

Која улога ја игра војската?

Капетан Алберто Кабер, портпарол на војската во командата за Источен Минданао, негираше дека војската поддржува паравојски и ја обвини НПА за поттикнување фракции во заедниците на лумадите едни против други.

– Лумадите се заведени од комунистите заради нивните регрутации. Од секои пет члена во НПА четири се лумади од источен Минданао, изјави Кабер за Ајрин. „Токму комунистите се тие кои оркестрираат се, што доведе до конфликт во замите заедници“.

Меѓународните организаци за човекови права како и филипински организации како Карапатан ја отфрлаат идејата дека не постои врска помеѓу војската и групите како Магахат и Аламара. Од Карапатан рекоа дека имаат документирано за поврзаноста на војската со Аламара уште од 2002 година.

Дури и секретарот за правда де Лима ги поврза групите со војската во нејзината изјава од неделата повторувајќи ги термините „паравојски“ и вети „детална истрага за нивините поддржувачи кои ги црпат нивните криминални операции и насилства“.

Специјалниот известувач на ОН за човекови права за внатрешно раселените лица, Чалока Бејани, исто изрази загриженост за врската помеѓу вооружените сили на Филипините и паравојските. По посетата на регионоот во јули, таа извести дека домородните луѓе „ми ја опишаа нивната загриженост, вклучувајќи ја и присилната регрутација во паравоените групи познати како Аламара, под закрила на војската“.

Кои се герилците?

НПА е вооружено крило на комунистичката партија на Филипините и води едно од најдолгите востанија во Азија во изминатите четири децении. Кога беа најсилни во 80-ите, НПА имаше скоро 30,000 борци, но денес нивниот број падна на околу пет илјади.

Неодамна де Лима ја обвини НПА за „зголемена регрутација“ во лумади заедниците за која таа рече дека резултирало со „последователни интензивирање на вооружени операции“.

Кој цели на училиштата?

Училиштата водени од религиозни и невладини организации беа цел на серија напади затоа што паравојските ги обвинуваат за индоктринација на студенти со комунистичка идеологија обвинување кое постојано е негирано од наставниците.

– Паравојските ги присилуваат да им се приклучат, а ако одбијат тие велат вие сте комунистички бунтовник, за Ајрин рече Карло Манано од Алијансата Салинлахи, НВО која се обидува да им помага на децата да се вратат на училиште.

Дали постои надеж за кредибилна истрага?

Фил Роберстон, заменик директор во ХРВ за Азија, рече дека ја поздравува заложбата на де Лима за опсежна истрага за активностите на паравоените групи и нивните поддржувачи. Но тој потенцира на историјата на воените криминали и рече дека истрагата ќе пропадне освен ако на крајот паравоените лидери не бидат судени пред цивилни судови.

– Владата и претходно многу ветуваше а потао не успеа тоа да го оствари, рече тој за Ајрин. „Затоа е важно да се оствари она што министерот за правда го вети и да се обезбеди никаква шанса да бидат ослободени оние за кои таа смета дека се одговорни“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски