Американскиот претседател Барак Обама го поздрави доделувањето на Нобеловата награда за мир на Тунискиот квартет за национален дијалог, кој овозможи да се спаси демократската транзиција во оваа северноафриканска земја.
– Оваа награда е исто така, претставува „почит кон константноста и храброста на тунискиот народ, кој, соочен со политичките убиства и терористички напади, се обедини во духот на единството, компромисот и толеранцијата”, наведува Обама во соопштението, пренесува БТА.
– Туниският квартет за национален дијалог докажа дека демократијата е можна во Северна Африка, се вели уште во соопштението. „Оваа храбри група работници, работодавци, адвокати и активисти покажа дека траен мир и безбедност можат да бидат постигнати само тогаш, кога на граѓаните им е дадено правото да создаваат своја иднина, и дека демократијата е можна и потребна во Северна Африка и Блискиот Исток “, наведува американскиот претседател.
Обама истакна уште дека „квартетот” помогна да се обедини земјата, да се обезбеди мирен дијалог и развој. “Со поддршка на четирите организации, Тунижаните одржаа слободни избори, создадоа нов устав кој ги гарантира човековите права и еднаквоста на сите луѓе, составија влада на национално единство, покажувајќи дека демократијата и исламот, всушност, можат да напредуваат заедно“, додаде претседателот на САД.
Тунискиот квартет за национален дијалог е составен од четири клучни граѓански организации – Тунискиот генерален синдикат, Туниската конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиство, Туниската лига за човекови права и Националниот орден на адвокатите во Тунис.