(ВИДЕО) Орцев: ДПМНЕ е против укинувањето на екстерното и против зголемување на минималната плата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не работи за интересите на граѓаните. Денеска пратениците на мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ одбија 4 суштински закони коишто ги предложи опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека е против укинувањето на екстерното образование. Не го слушаат гласот ниту на родителите, ниту на учениците, ниту на студентите, ниту на наставниците“, изјави пратеникот Панче Орцев.

„ВМРО-ДПМНЕ потврди дека е против зголемување на минималната плата на сите работници од 11.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за работниците и нивниот стандард.

Се е јасно. ВМРО-ДПМНЕ ги одбива законите коишто се од суштинска важност за граѓаните туку мислат само на своите партиски и лични интереси.

Пратениците од власта во заминување треба да излезат во јавноста и да објаснат зошто изгласаа стотици штетни закони а суштинските, оние од интерес на сите граѓани, ги одбија“, рече пратеникот Панче Орцев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ