Ѓоковиќ без проблем реди победи во Пекинг

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата победи на турнирот во Пекинг откако попладнево го совлада Џон Изнер со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2 во гемови). Ова за Ѓоковиќ е вкупно 27. победа на овој турнир, а има и пет трофеи.

Негов ривал во полуфиналето утре ќе му биде Давид Ферер, кој со 2:0 во сетови со само четири загубени гема (6:3 и 6:1) го победи Јен Хсун Лу.

Во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал и Фабио Фоњини. Двајцата тенисери оваа година одиграа неколку интересни мечеви. Инаку Надал со пресврт стигна до победата над Џек Сок по гемови – 3:6; 6:4 и 6:3, додека Фоњини го совлада Пабло Куевас со истиот резултат 2:1 во сетови (6:1; 2:6 и 6:2).

Во женките полуфинални мечеви на турнирот ќе играат: Ана Ивановиќ против Тимотеа Бачински и Гарбине Мугуруза против Агнешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров