МАНУ одбележува 48 години од основањето

Од:

Македонската академија на науките и уметностите  (МАНУ) денеска одбележува 48 години од основањето.

По тој повод МАНУ ќе го додели меѓународното признание „Блаже Конески“ на академик Хорст Клинкман од Сојузна Република Германија за посебен придонес во развојот на нефролошката наука во Македонија, и проф. д-р Ала Генадјевна Шешкен од Руската Федерација за посебен придонес во проучувањето и афирмирањето  на македонската литература и македонскиот јазик.

Во МАНУ денеска ќе бидат одбележани и 90 години од раѓањето на академик Јордан Поп Јорданов со промоција на негови избрани трудови, а предвидена е и промоција на мозаикот „Четири елементи – универзум“, подарок од академик Газанфер Бајрам.

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Преведувачка од Словенија доби признание „Блаже Конески“: „Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски“

А1он

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

МАНУ: Македонија има потенцијал да стане лидер во рударството во регионот

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет