ЦИВИЛ со „Мој термин“ за слободни избори

Од:

„ЦИВИЛ е со отворени врати за граѓан(к)ите, како и секогаш.

Политичкиот договор за надминување на политичката криза во Република Македонија предвидува обезбедување минимум услови за слободни избори во 2016 година. Преговорите на водечките политички партии со посредство на меѓународниот медијатор Питер Ванхауте се отежнати и наметнуваат повеќе прашања и недоумици отколку одговори.

ЦИВИЛ – Центар за слобода воведува „Мој термин“ отворен за медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани. Во него ќе издадеме рецепти, согледувања, сознанија и ставови за политичкиот процес и преговорите во контекст на изборниот процес, како и за проектните активности на ЦИВИЛ“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ го закажува првиот „Мој термин“ во нивните просториите, в петок, на 9 октомври, од 12 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски