Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ влезе во историјата на тенисот, откако денеска стана нов рекордер во сервирани асови.
Во осминафиналето на турнирот во Пекинг против Пабло Куевас, Карловиќ зема 26 поени директно од сервис и на тој начин дојде до бројка од 10.247 асови во својата кариера, што го прави најдобар светски тенисер во оваа категорија на сите времиња.
Досегашниот рекордер беше неговиот сонародник Горан Иванишевиќ кој остана на 10.237 асови, или десет помалку од новиот рекорд.
Воедно, ова се единствените два тенисера со повеќе од 10.000 асови во кариерата.
Инаку, Карловиќ го загуби мечот со Куевас со 2-0, по сетови 7:6 и 7:6.