Опозицијата предлага 11.000 денари минимална плата за достоинствен живот

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи ново продолжение на 67. седница.

Копјата денеска ќе се кршат за Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.

СДСМ предлага минималната плата да изнесува 11.000 денари Висината на минималната плата моментално изнесува 9.590 денари во нето износ, и реално не е усогласена со тековните животни трошоци, и истиот треба да се зголеми и да се усогласува редовно, за да се задржи одреден достоинствен животен стандард.

Пратениците од опозицијата, во комисиската расправа, посочија, дека сите граѓани во Република Македонија заслужуваат подобар живот, затоа Владата треба да се потруди минималната плата да биде што поголема. Процедура за донесување на Закон за минимална плата, според нив, е всушност борбата за достоинствен живот, бидејќи нашата земја е осма земја по мизерија во светот, а прва од земјите од регионот.

Просечната плата во Република Македонија изнесува 380 евра, а во однос на минималната плата повторно, во споредба со земјите од регионот е најниско рангирана.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули