Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствени напади извршени денеска од две жени во Североисточна Нигерија.
Тие го активирале експлозивот на две места во трговскиот центар во североисточната држава Јобе, град Даматур, кога џамиите биле полни со верници за утринската молитва. Едната од нив влегла во исламски храм од станбени згради, а другата се кренала во воздух кај комплексот.
Очевидец рече дека во болницата во градот биле одведени 12 ранети и телата на 15 загинати.
Во одделен напад екстремисти од исламистичката група Боко харам нападнале изминатата ноќ воен камп во Јобе, но нападот бил одбиен од војниците, кои ликвидирале најмалку сто бунтовници.
Портпарол на армијата рече дека во борбите биле убиени седум и повредени девет војници.