Томас Линдал, Пол Модрич и Азиз Санкар се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2015 година.
Кралската шведска академија на науките истакна дела Линдал, Модрич и Санкар се наградени за работата на „студиите за поправање на ДНК“, со што научниците добиваат ново оружје во борбата против ракот.
Деталното разбирање на штетата на ДНК може да помогне во лекување на ракот и развојот на нови лекови.
Досега се објавени имињата на овогодинешните добирници на Нобеловата награда за медицина и физика, а следи објавувањето на добитниците за литература, мир и економија.