(ВИДЕО) Руската морнарица лансира 26 проектили кон Исламска држава

Од:

Русија продолжи со напади на Исламска држава во што се вклучија и четири бродови во Каспиското море кои лансираа 26 ракети кои уништиле 11 локации на џихадистите во Сирија.

-Четири наши бродови кои се наоѓаат во Каспиското езеро лансираа 26 ракети на 11 локации на терористите на Исламска држава во Сирија. Ниеден цивилен објект не е погоден, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Проектилите летаа 1.500 километри пред да ги погодат метите. Нападите се изведени во соработка со Ирак и Иран, со оглед дека пректилите мораа да летаат низ воздушниот простор на двете држави за да стигнат до Сирија.

Руските воени бродови претходно имаа улога во разместување на руските борбени авиони во Сирија и испораката на резерви и опрема за авионите недалеку од Латакија во базата Тартус.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала