ЦИВИЛ: Власта го минира политичкиот процес во северно-корејски стил

Од:

„Предлог-законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите е противуставен. Тој е флагрантен доказ за намерите и односот на партиите на власт кон целиот процес и преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Самата идеја да се предложи ваков закон е илустрација за ароганцијата и за очигледната намера да се задржи курсот на недемократско и авторитарно владеење во земјата. Во северно-корејски стил, предлагачите и нивните ментори, наметнуваат цензура и забрана кои се во директна спротивност на сѐ што може да се подразбере под поимите слобода на изразување, демократија, уставност и владеење на правото.

Наспроти сите напори да се задржи минимум потребната динамика за спроведување на договорите од 2 јуни и 15 јули за надминување на политичката криза, партиите на власт го минираат процесот од самиот почеток.

Како последица на крајната некооперативност на владејачките партии, веќе се пробиваат роковите кои се однесуваат на изборниот процес и на неопходните реформи потребни во оваа сфера, вклучувајќи го и чистењето на Избирачкиот список.

Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода уште еднаш упатува категорично барање до партиите на власт да се вратат на преговарачкиот процес и да ги испочитуваат роковите зададени со политичкиот договор. За да покажат минимум одговорност, партиите на власт мора веднаш да ги стопираат сите свои активности кои го кршат тој договор, а со тоа ги намалуваат и шансите за обезбедување минимум слободни избори во 2016 година“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски