За два дена почнува раселувањето на мигрантите во ЕУ според квоти

Од:

Од петок почнува примена на шемите за раселување на мигрантите во ЕУ според квоти, соопшти Европската комисија.

Првите раселени ќе бидат Еритрејци кои пристигнале во Италија. Тие ќе бидат преместени по сопствена желба во Шведска.

Комисијата не прецизира колку мигранти ќе бидат опфатени со првиот чекор по примената на таа шема.

– Раселени ќе бидат мигранти кои се регистрирани и соодветни за условите за добивање закрила во Европската унија. Шемите не предвидуваат раселување на мигранти кои незаконски влегле во ЕУ, нагласува Маргаритис Скинас, портпарол на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Мигрантите исчезнаа од јужната граница