Поголем дел од основците во Струга ја бојкотираат наставата поради немање струја во училиштата

Од:

Поголем дел од струшките основци, со одлука на советот на родители неколку дена не посетуваат настава поради немање електрична енергија во училиштата од почетокот на учебната година. Општина Струга и ЕВН за денеска најавија средба на која ќе се договара за надминување на проблемот со струјата во основните училишта во Струга.

Директорот на општинското основно училиште „Јосип Броз Тито“ Тони Савевски информира дека секојдневно контактираат со општина Струга и изминатиот месец држеле настава со скратени часови, а денеска им било кажано дека за неколку дена училиштето ќе добие струја.

– Советот на родители синоќа одржа состанок и ја потврди одлуката за целосен прекин на наставата. Добар дел од родителите не сакаат да ги пуштаат децата на настава во вакви услови. Издржавме еден месец, но од вчера, завчеа, па и денеска состојбата е страшна. Повеќе од еден месец од почетокот на школската година ние сме без електрична енергија во супстандарди услови. Инаку струјата е исклучена повеќе од три и пол месеци, изјави Савевски.

Претседателот на Советот на родители во ООУ „Јосип Броз Тито“ Крсте Бунчески смета дека повеќе од еден месец биле доволно толерантни и ги пуштале децата да посетуваат настава и без електрична енергија, но временските услови повеќе не го дозволуваат тоа.

– Во прва смена првите часови е темно не се гледа што се пишува на табла, а втора смена после 17 часот нема можност за настава. Бараме итно решавање на проблемот. За 10-тина дена почнува и грејна сезона, ако нема струја ќе нема ни греење, рече Бунчески.

Раководителот на секторот за образование во општина Струга Сурија Рушити најави дека попладнево ќе имаат средба со претставници на ЕВН Македонија на која треба да потпишат договор за плаќање на долгот на рати.

– Советот на општина Струга донесе одлука за преземање на долгот за електрична енергија од училиштата, поминаа осум дена од донесувањето на одлуката и денеска потпишуваме договр со ЕВН за плаќање на струјата, информира Рушити.

Од ЕВН Македонија потврдија дека се бара решение за надминување на проблемот.

– Договор ќе се потпише, но дали ќе биде на рати или сега еден дел целосно, па другиот подоцна или се одеднаш ќе видиме. Мора да имаме договор, разговараме за надминување на проблемот, изјави за МИА портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски.

Поголем дел од струшките основни училишта од почетокот на учебната година немаат електрична енергија поради неплатени сметки. Со ваков проблем се соочуваа и минатата година кога општината го презема плаќањето на долгот за струја од околу 6.300.000 денари заклучно со ноември. Според договорот, долгот се плаќаше на рати, но не се плаќале тековните сметки поради што ЕВН повторно ја исклучи струјата.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“