ЗНМ: Забраната на „бомбите“ е обид на власта за цензура и укинување на слободата на говор

Од:

Здружението на новинарите силно го осудува обидот за воведување цензура преку предлог Законот за забрана на објавување и поседување на прислушуваните материјали што во Собранието го поднесоа пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

ЗНМ, како што стои во писмената реакција, бара итно повлекување на предлог законот од парламентарна процедура.

„Со овој скандалозен предлог место очекуваното подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите, власта се обидува да ја елиминира слободата на говор и да им наметне на новинарите и медиумите за што смеат, а за што не смеат да ја информираат јавноста.

Ваквиот непримерен законски предлог го прекршува Уставот кој во членот 16 изрично вели дека цензурата е забранета. Освен тоа, Европската конвенцијата за човекови слободи и права, која Македонија се има обврзано да ја почитува, недвосмислено ја штити слободата на изразување.

Потсетуваме дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс во кој јасно стои дека новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.“, стои во реакцијата на ЗНМ.

ЗНМ ги повикува политичките партии да престанат да се занимаваат со работи кои може да нанесат дополнителна штета на и онака неповолната состојба во која се наоѓаат новинарите и медиумите.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР