Партијата на поранешниот претседател на Јемен денеска соопшти дека ги прифаќа условите за мировниот план изработен со посредство на ОН на преговори во Оман.
Општонародниот конгрес е партијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кому му се лојални голем дел од армиските единици, кои војуваат заедно со шиитските бунтовници Хути против силите поддржани од државите од Заливот.
– Официјален извор од Општонародниот конгрес го потврди ставот на партијата за прекин на насилствата и укинување на блокадата и за мирно решавање на кризата во Јемен, посочува партијата во соопштение.
Претседателот Абд Рабу Мансур Хади поддржан од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и локални милиции, исклучува секаков договор се додека Хутите и силите на Салех не ја исполнат резолуцијата на ОН – да се повлечат од окупираните градови и да го остават оружјето.