Се повеќе жени го поддржуваат Ромни

Од:

Републиканскиот кандидат Мит Ромни ја стигнува предноста меѓу жените гласачи во однос на претседателот Барак Обама кој пак станува попопуларен кај машката популација.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на АП.

На помалку од две недели до претседателските избори во САД, за Ромни би гласале 47% од гласачите, додека актуелниот претседател би добил поддршка од 45% од Американците.

Како што се наведува, оние кои веруваат дека Барак Обама ќе го освои вториот мандат се помалку од претходно.

Половина од испитаниците рекле дека демократскиот кандидат повторно ќе победи на изборите, додека минатиот месец тој процент изнесуваше 55, на оние кои го делеа тоа мислење.

Според анкетата на АП, поддршката на двајцата кандидати се изедначила меѓу жените. Сега и едниот и другиот би добиле 47% од испитаниците, додека минатиот месец во корист на Обама таа разлика изнесуваше 16 процентни поени.

Кај машката популација, пред еден месец Ромни имаше предност пред Обама со 13 процентни поени, но според последната анкета оваа разлика се намали на 5 процентни поени.

Истражувањето е спроведено од 19-ти до 23-ти октомври и опфаќало 1.186 испитаници.

Би можело да ве интересира

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски