Казна затвор од четири години за објавување на „бомбите“

Од:

Законот кој го предлагаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до Собрание забранува поседување, обработка, објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации. Ова би значело дека доколку се донесе, законот ќе ги принуди медиумите и порталите да ги остранат од своите сајтови веќе објавените бомби. Во спротивно им следува затворска казна од четири години.

Предлог-законот е потпишан од Талат Џафери, ДУИ, и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. Со него се забранува објавување на снимените разговори не само преку медиумите и веб порталите, туку и преку социјалните мрежи или било која друга форма на јавно објавување. Одредбите важат и во случај ако снимките се емитуваат во странство. Поради краткиот текст се предлага да се изгласа по скратена постапка.

Screenshot_2

„Тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Тој што неовластено на било кој начин ќе објави или пренесе прислушкувани или тонски снимени разговори или делови од нив или нивни транскрипти на територијата на Република Македонија или во странство, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години“, стои во текстот на законот.

Казна затвор од најмалку пет години следува доколку објавувањето на снимките нанесе правна или материјална штета на лицето кое е прислушувано. Доколку објавувањето предизвика нанесување на тешки телесни повреди, се определува казна затвор од најмалку осум години. Доколку, пак, објавувањето предизвика смрт на лице инволвирано во разговорите, казната затвор изнесува најмалку десет години.

Законот предвидува секој кој поседува или има пристап до материјалите да ги предаде на надлежниот јавен обвинител во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски