ВМРО-ДПМНЕ: Најавите на Жерновски и Заев се популизам

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги оценува како мешање во работата на Град Скопје и популизам најавите за забрана за градење во Општина Центар изнесени на денешната прес-конференција на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Најавите дека овој градоначалнички тандем неработници ќе донел некакви забрани за градба на територија која не е нивна ингеренција покрај тоа што е грубо мешање во работата на Град Скопје е само ефтин популизам со кој покажуваат неискреност на нивните намери и елементарно непознавање на законите од системот во кој се дел како градоначалници, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата.

Доколку Андреј Жерновски го поканил Зоран Заев да биде визитинг градоначалник на општина Центар кој ќе зборува дека Скопје станувало проблематично место за живеење, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, една од првите одлуки може да му биде да плати милион денари отштета кои Град Скопје ги потроши да го расчисти ѓубрето кое зад себе го оставија камперите на опозицијата пред Влада откако одлучија дека е доста со малтретирањето на жителите на Скопје.

– Доколку Зоран Заев го покани Андреј Жерновски да му ги асфалтира ветените неасфалтирани улици во Струмица и да ги изгради ветените и неизградени надземни пешачки премини во градот со кој раководи лидерот на СДСМ, немаме ништо против, иако оправдано се сомневаме имајќи го предвид покажаниот капацитет на Жерновски за проекти и реализација на територијата на општина Центар – досега Жерновски има најмногу реализирани проекти на тема „кукање и жалење дека некој го попречува во работата“, во што се многу слични со неговиот струмички побратим и содружник по неспособност, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во Град Скопје секогаш имало јавни анкети во кои што и граѓаните и стручната јавност имале можност да го искажат своето мислење и став за градежните активности кои се преземаат и од доменот на нискоградбата и од доменот на високоградбата. – Впрочем, сите изградени објекти кои за нив се бескорисни и не биле во дослух со желбите на народот се по предлог и со потпис на образовани архитекти, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела