Ќе се подготви архитектонско решение за Кочанска река

Од:

Општина Кочани го објави конкурсот за изработка на идејно-архитектонско решение на коритото на Кочанска река во централното градско подрачје. Крајниот рок за поднесување на идејните решенија е до 15 јануари наредната година, а за најуспешните три решенија ќе бидат доделени парични награди во вредност од 62.000 денари, 37.000 денари и 25.000 илјади денари.

– Ќе се уредува Кочанска река почнувајќи од Спортско рекреативниот центар „Бавчалук“ до железниот мост на излезот од градот. Се работи за 2.690 метри должина на Кочанска река или за површина од 75.000 метри квадратни, истакнува Александар Гицов, градски архитект на Кочани.

Тој додава дека ќе се направи синтеза помеѓу архитектонските вредности кои постојат долж реката и новите кои ке бидат понудени со избраните решенија. Со ова ке се добие поубава и посовремена слика за Кочанската река која со векови го дели градот Кочани на два дела.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза