„Франкенсторм“ се наближува на исочниот дел на САД

Од:

Источниот брег на САД следнта седмица ќе биде погоден од невообичаена мешавина на ураган и снежна бура која веќе ја нарекуваат „Франкенсторм“.

Се очекува дека најтешко ќе биде погодена областа околу Њујорк и Њу Џерси.

Прогнозерите ги зголемија шансите дека ќе се случи сериозна временска непогода, наведувајќи дека 90% е веројатноста истокот на САД да биде погоден од ветер со сила на ураган, обилни дождови, поплави, а можеби и снег, кој ќе започне од недела и ќе паѓа до првите денови од ноември.

По проценките на метеоролозите, невремето би можело да предизвика материјална штета од милијарда долари.

Бурата ќе биде комбинација од ураганот Сенди, кој засега е над Карибите, рана зимска бура која доаѓа од запад и продор на артички воздух. Се очекува трите временски неприлики да се судрат над источниот брег, а потоа да навлезат се до државата Охајо.

Би можело да ве интересира

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот