НАТО ја обвини Русија за „неслучајно“ повредување на турскиот воздушен простор

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја обвини денеска Русија за „двата инциденти“ врз воздушниот простор на Турција, во текот на изминатиот викенд, што ги означи како неприфатливо однесување.

– Двата инциденти не личат дека се случајни- рече Столтенберг, критикувајќи ја официјална Москва што досега „нама дадено никакво прифатливо објаснување„  за како што рече, насилството врз турскиот воздушен простор.

Русија веќе објасни дека во првиот случај станува збор за грешка, предизвикана од лошото време и дека повредата на воздушниот простор на Турција, траел „само неколку секунди„ но Москва не прифаќа дека имало и втор таков инцидент.

Во Анкара и во Брисел се тврди  дека имало две повреди на турскиот воздушен простор што се случиле во текот на бомбардирањата на руските авиони во реонот на северозападна Сирија, близу до сириско-турската граница.

Турската влада соопшти дека на два пати остро протестирала, повикувакќи го рускиот амбасадор во Анкара за да го објасни руското однесување.

Двата инциднети НАТО и Западот ги искосристи за да ја заостри својата реторика кон Москва и руското вклучување во воздушните напади против џихадистоите на Исламска држава во Сирија.

Москва тврди дека ги бомбардира позициите на ИД и на терористичките групи на сириска територија, тврдејчи дека тие се закана и за регионот, па и за руските национални интереси.

Западот, а од скоро и НАТО, меѓутоа, ја обвинуваат Русија дека не ги напаѓа позициите на ИД туку на сириските опозициски вооружени групи, кои САДи западните земји ги финансисраат и обучуваат за нивната борба против претседателот Башар ал Асад.

На Западот се верува дека влегувањето на Русија во сирискиот конфликт е само за да се засили и обезбеди позидијата на Асад, па Столтенберг побара од Москва да се насочи само кон унишување на позициите на ИД.

Интензвирањето на притисокот на НАТО и Западот кон Русија доаѓа во време кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојува во Брисел, околу бегалската криза, што ја потресува ЕУ..

Европа баара од Анкара да ги зацврсти своите граници и да ја засили контролаата на западниот турски брег, од каде е напливот на бегалците од Сирија, додека Турција бара вклучување на РУ во завршувањето на сирискиот конфликт.

ЕУ сега за прв пат најавува дека би можела да го прифати турското барање за создавање „безбедносна зона“ над турско-сириската граница, што досега во Брисел категорично се отфрлаше.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска