Хотел во Аден, каде што престојува меѓународно признатата Влада на Јемен, денеска беше мета на ракетен напад, соопштија безбедносните сили и очевидци.
– Има загинати и повредени, изјави официјален извор, но не потврди дали меѓу жртвите има и министри.
Хотелот „Ал Каср“ во Аден, вториот по големина град во Јемен, бил погоден од три ракети.
Јеменскиот премиер Халед Бахах и министрите од неговата Влада престојуваат во хотелот откако се вратија од егзил во Саудиска Арабија. Владата го прогласи Аден за привремен главен град на Јемен, откако Сана беше заземена од проиранските шиитски бунтовници кон крајот на минатата година.