Туск: ЕУ е подготвена да разгледа создавање тампон зона во Сирија долж границата со Турција

Од:

ЕУ е подготвена да разгледа создавање на тампон зона во Сирија долж границата со Турција, но исто така, Анкара треба да биде подготвена да дејствува за справување со ситуацијата на стотици илјади мигранти кои преку Турција влегуваат во Европа, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според Туск ЕУ не може да се справи сама со бранот бегалци и има потреба од турска поддршка.

– Согласни сме дека не може решението на Сирија да биде најдено, додека дозволуваме Русија да напаѓа цели на опозицијата против Башар ал Асад. Согласни сме да се бориме против ИД, нагласи Туск.

Во Турција има речиси 2,5 милиони мигранти, од кои 300.000 се од Ирак, а 2,2 милиони од Сирија, истакна Ердоган.

– Никогаш не сме ги дискриминирале бегалците по вера и етнос и ги прифаќаме сите. Досега потрошивме 7,5 милијарди долари за справување со бегалската криза, а од меѓународната заедница имаме добиено 417 милиони долари. Продолжуваме со политика на отворени врати, никого од бегалците што пристигнале во Турција не сме пратиле во друга држава, нагласи турскиот претседател.

Ердоган ги нарече терористи борците на групата ИД, ПКК и Патриотската демократска партија (ПДП). Според него сите три организации работат заедно. – Нема добри и лоши терористи, ПКК и ПДП се како ИД, нагласи тој.

Турција со решителност води борба против терористите од ИД и ПКК. Нема да се откажеме од демократскиот напредок на земјата во изминатите десет години, истакна Ердоган, повикувајќи за заедничка работа со ЕУ за справување со бегалската криза, прогласување на безбедни зони од терористи, како и зони забранети за летови.

Невозможно е иднината на ЕУ да се разгледува без да се земе во предвид Турција. Пристапувањето на Турција во ЕУ останува стратешки избор, не треба пред него да бидат поставени вештачки политички пречки и преговарачкиот процес треба да биде обновен, истакна Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски