Моалем: Русија повеќе месеци се подготвуваше за нападите во Сирија

Од:

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем денеска изјави дека на воздушните напади на Русија и нејзините воени чекори во Сирија и претходеле повеќемесечни подготовки.

Тој наведе и дека Русија соработува со сириската армија за своите воздушни напади.

Русија минатата среда презеде воздушни напади врз позициите на Исламска држава и сирискиот огранок на Ал Каеда, но неколку пати беа погодени позиции на бунтовниците кои ги поддржува Западот.

Руските напади пред се се фокусирани во северозападните и централните сириски провинции, кои се добро поврзани со упориштето на сирискиот претседател Башар ал Асад во Дамаск, како и на сирискиот брег на Средоземно Море.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин