Руското кршење на турскиот воздушен простор, преку сириската граница не е случајно, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана.
– Не верувам оти тоа било несреќа, рече тој, под услов да остане анонимен. – Тоа ја потврдува нашата загриженост поради начинот, на кој тие тоа го работат, додаде тој.
Тоа натаму ја доведува во прашање нивната намера и сигурно го поставува прашањето за основната самоконтрола и професионалното однесување на небото, додаде тој.