Бердих го освои трофејот во Шенжен

Од:

Чешкиот тенисер Томаш Бердих го освои трофејот на АТП турнирот во Шенжен, откако денеска во финалето го победи Шпанецот Гилермо Гарсија-Лопез со 2-0 во сетови.

Во првиот сет резултатот беше 6:3 во гемови, додека во вториот сет се играш тај-брејк и по 9:7 Бердих го доби сетот со 7:6 и стигна до титулата.

Финалето првично требаше да се игра вчера, но беше преместено за денес поради дождот кој паѓаше во терминот за двете полуфиналиња кои се играа во неделата.

Наградниот фонд на овој АТП турнир во Кина изнесуваше 670 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров