Балканска конференција за бегалците во Луксембург

Од:

Балканската конференција за мигрантската рута, што во четврток во организација на Советот на Европската унија ќе се одржи во Луксембург, нема да донесе формирање на „жешки точки“ за прием и регистрација на бегалците во Македонија, Србиај и остнаатите земји, што не се дел од Унијата, но се на рутата.

Ова, денеска за МИА го потврди извор од ЕУ во Брисел, според кого. на оваа конференција единствено ќе се донесе декларација за блиска соработка на земјите низ кои транзитираат бегалците од Арапскиот свет. Во однос на земјите од Западен Балкан, најавени се нови пари за хуманитарна помош, но и можност за останување на дел од бегалците на нивна територија.

Министрите за внатрешни и надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, в четврток навечер во Луксембург ќе ги пречекаат македонските минситри Никола Попоски и Митко Чавков, но и другите шефови на полиции и на дипломатии на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство од Балканот (БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија), по што ќе биде донесена заедничка Декларација за справување со бегалската криза.

– Конференцијата е на покана на луксембуршкиот министер за миграција и азил, како и на Могерини. Министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите од ЕУ и Шенген зоната, но и на Јордан, Либан, Турција, како и на земјите од Западниот Балкан, заедно со ОН, Светска програма за храна и европските агенции Фронтекс, ИАСО и Европол ќе се посветат на прашања во однос на целата рута како глобално прашање. Овој состанок ќе се одржи од 18 до 22 часот во четврток, по што ќе биде донесена заедничка декларација за предизвиците со кои се соочуваме со миграторската рута, за иднината и да осигураме дека имаме начин да го менаџираме напливот, вели изворот од Брисел за МИА.

Три клучни точки ќе бидат на маса за три дена во Луксембург, а тоа се сместување и справување со бегалците во соседните земји на Сирија – Турција, Либан и Јордан, кои се на првара линија (точка „А“). Потоа, транзитни земји (Западен Балкан) низ кои бегалците транзитираат во ЕУ (точка „Б“) и трето, меѓународна заедницата да придонесе на политички план за решение на конфликтот во Сирија, но и напори за справување, како и финансиски напор за акомодирање на бегалците во земји што им се домаќини.

Инаку, Декларацијата што подоцна ќе биде донесена има четири главни секции: вовед, анализа и принципи, разликата меѓу земјите кои повеќе од четири години се соочуваат со бегалци со тие кои се на транзициската рута и состојбата на земјите на пристигнување од ЕУ. Целта, според изворот од ЕУ е да се почитува меѓународното право и човековите права и потребата од меѓународна заштита на бегалците, како и тие кои не уживаат меѓународна заштита, да може да се вратат оти има некои кои не се бегалци, па ќе мораме да се враќаат во земјите на потекло.

ЕУ планира директна помош за Јордан, Либан и Турција, земји-соседи на Сирија, каде има најголем наплив на бегалци. Потоа, се планира поддршка на земји-домаќини и заедници, информација и регистрација на бегалците, пристапност до услуги, како образование и пазарот на трудот, за тие да знаат дека се прифатени.

Втора акција е поддршка на транзициските земји, меѓу кои и Република Македонија, а тука спаѓа хуманитарна помош на земјите од оваа рута, градење на капацитети за сместување, засилување на менаџментот на границите и регистрација, регионална координација и размена на информации.

– Мора да знаеме кој и кога доаѓа за земјите да се подготват. Третата секција е борба против организираниот криминал, бидејќи очигледно некој ги засилува овие напливи, како и да го зголемиме менаџментот на границите, координацијата меѓу полицијате и судството и да ги заштитиме бегалците од шверц, додава изворот од Унијата.

Европската унија ќе бара и можност да види дали може да ги зголеми областите на стабилност во земјите со конфликт преку поддршка на локалните власти и етаблирање на јавни услуги, каде што е тоа можно. А, клучно е посветеноста на земјите од потекло со регуларни мигранти, многу од тие кои транзитираат бараат меѓународна заштита, но некои се и економски мигранти и затоа со земјите на потекло ќе се прави соработка за да може да се вратат со реадмисија.

Клучни точки во Декларацијата што в четврток со ЕУ и земјите од соседството ќе ја потпишат и македонските министри Попоски и Чавков, е „солидарност, коодговорност во справување и менаџирање на напливот на бегалците и заедничка работа и поврзување“.

На конкретно прашање дали ќе се разговара за поставување на т.н. „жешки точки“ за прием и регистрација на бегалци и во Македонија и Србија, како земји што се на главната мигрантска рута, но не се членки на ЕУ, изворот од Брисел негира, посочувајќи дека тоа не може да се направи од легални причини.

– Ако го видите предлогот на Европската комисија, јасно е дека „жешките точки“ се на прва линија на земјите-членки, каде агенциите заедно со ресурси за помош ќе им асистираат на властите во Грција и Италија за регистрација, прием и контрола на границите. Мандатот на агенциите (Фронтекс, Европол, ЕАСО) не им дава можност за дејствување во земјите од Западен Балкан. ЕК рамзислува во тој случај за помош на Македонија и Србија во знаење на агенциите, но мандатот на Фронтекс, ИАСО и Европол не дозволува оперирање во трети земји, но тие може да се користат за совет на властите на ефектираните земји на рутата за транзит во однос на прием, регистрација и контрола на границите, дециден е изворот од ЕУ за МИА.

За тоа зошто балканските земји се клучни за оваа конференција, се наведува дека Брисел сака поопшрино да се гледа на прашањето со регистрацијата на бегалците. Според изворот од Унијата, земјите од Западен Балкан треба да превземат одговорност, контрола на границите и регистрација. Целта на ЕУ е сите земји на мигрантската рутата да мора да превземат одговорност.

Во контекст на сето ова, ЕУ планира сериозна финансиска поддршка од што добивка ќе има и Македонија. Имено, покрај ветените 24 милиони евра за нашата земја, плус 17 милиони евра што ќе се поделат со Србија, за оваа година и за догодина, Брисел има определено околу 500 милиони евра за хуманитарна помош.

– Околу 200 милоини евра се за 2015 и 300 милиони евра за 2016 година. Не се знае колку на која земја ќе и се даде, но тоа ги вклучува и Сирија, Ирак, но и соседните земји на Унијата, пред се за оние од Западен Балкан, вели изворот на МИА.

Акцискиот план на ЕУ за решавање на бегалскиот проблем содржи различни фази, но Унијата очекува меѓународен придонес за да се подобрат условите на прием во земјите на транзит, да се отвори повисока перспектива за распоредување и да се избегне бегалците да продолжат да користат нерегуларни патишта, туку тоа да го прават по регуларни патишта. Според изворот од Унијата, концептот на “жешки точки” е поврзан одблиску со прераспоредувањето на бегалците и тоа е внатре во ЕУ.

– Прашањето за релокација и прераспоредуваење е на агендата и тоа е дел од оригиналниот пакет на Еврокомисијата. Идеја е во предлог-декларација да има два параграфи и делови кои споменуваат прераспоредување со страните и да видиме каква подготовка имаме во земјите-членки да прераспоредат мигранти во земјите во регионот. Еден од предлозите на ЕК е прогласување на безбедни земји на потекло за сите фржави од Западен Балкан е во тој предлог идејата е кога станува збор за азиланти од Западен Балкан, тоа брзо да се решава. Планот е на овие земји да им се помогне во градење на капацитети за лица што имаат потреба од меѓународна заштита, наведува изворот од Унијата за МИА.

Според него, целта на Декларацијата што ќе се донесе во четврток е да осигура сите земји да се однесуваат на координиран и кооперативен начин. Соработка за нормален проток на луѓе, контрола на напливот на луѓе кои доаѓаат на границите и пристапот со тензии да се олесни. Духот и целта е соработка и коодговорност и менаџмент. За ЕУ, ова е меѓународен проблем, но и европски проблем и мора да се покаже одговорност.

– Но, мислиме дека меѓународната заедница и земјите од Заливот треба да придонесат со понуда за прераспоредување, да дадат економска и финасиска поддршка на земјите и бегалците. А, во однос на проблемите со Балканот и земјите каде овој наплив посоти, тие не се фокус на конференцијата, туку да се адресира прашањето на напливот, бидејќи ние не го посочиме Балканот како место на земји по потекло на миграција. За тоа имаме друг процес, визна либерализација, како и годишна конференција на министрите за внатрешни работи и правда во декември на ЕУ со Балканот и годинава тоа ќе биде во Сараево, посочува изворот од Унијата.

Во однос на поддршката на балканските земји, ЕУ има два типа на поддршка: специјална помош од 10 милиони евра за допирање проблеми за Србија и Македонија и ова е помош што ќе биде повеќе од хуманитарна природа за бегалците и со структурни мерки за зголемување на капацитетите на властите да се справат со овој наплив на емигранти. Втората е од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), кој има регионална програма од осум милиони евра за азил и миграциска политика. За Западен Балкан, генерално, ова е помош за да се постави легална рамка и подобро да се менаџираат границите и слично. Всушнсот, ова се оние околу 17 милиони евра што пред две недели ги определи Еврокомисијата за Македонија и Србија.

Инаку, нашиот извор од ЕУ потврдува дека во Декларацијата на Балканската конференција за мигрантската рута во четврток во однос на прераспоредување на бегалците ќе нема нов предлог на маса. Според него, во два параграфи на Декларацијата ќе се наведе и прераспоредувањето, бидејќи Советот на Унијата е свесен дека партнерите што ги кани на конференицајта имаат различни ставови. Сепак, од Брислел не кријат дека, како прв чекор во процесот, преселувањето и надвор од границите на ЕУ е „една од идеите на која партнерите сакаат да се вратат, следствено со диверзифицирање на каналите и рутите на Зпааден Балкан, Јордан, Турција и Либан“.

– Идејата не е да се стави нешто на маса, а што не е дискутирано досега. Ако ја погледнете бегалската криза од различни перспективи, поставување „жешки точки“ на Балканот не ни дозволува мандатот на агенциите Фронтекс, ЕАСО и Европол, но тие може да понудат експертиза. Имаме фонд од десет милиони евра за Србија и Македонија, а Србија веќе го активираше и европскиот механизам за цивилна заштита со цел хуманитарно фундирање. За тоа што ќе треба да се направи со бегалците кои се во тие земјите од Западен Балкан, тоа е нешто што бара понатамошна рефлексија. Механизмот за релокација е на ЕУ, но преселувањето е нешто и тоа ќе се содржи во два параграфи од предлог-декларацијата в четврток, дециден е изворот на МИА од Европската унија.

Со ова се потврдуваат претходните сознанија на МИА дека Брисел размислува како да задржи дел од бегалците од арапскиот свет и на територијата на земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија и Србија. Дали преку прераспоредување или одбивање на дел од ЕУ-земјите што се на транзициската рута да примат дел од бегалците, сепак, јасно е дека се планира Западниот Балкан да не биде само транзитен простор.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат