Парламентарни избори во Киргистан

Од:

Во Кигистан денеска се одржуваат избори на кои граѓаните бираат 120 членови на новиот состав на Парламентот меѓу 2.000 кандидати предложени од 14 политички партии.

Фаворите за победа на изборите, што започнаа во 4 часот по средноевропско време, е Социјалдемократската партија на Киргистан, блиска до шефот на државата Алмазбек Атамбаев.

Киргистан е единствената поранешна советска република во Централна Азија, каде според Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), се спроведуваат фер и слободни избори.

До 2005 со Киргистан управуваше автроритарниот претседател Аскар Акаев, кој беше сменет од власта со масовни протести. На сличен начин од функцијата замина и наследникот на Акаев, Курманбек Бакиев, кој поднесе оставка во 2010 година по протестите проследени со етнички мотивирано насилство меѓу мнозинските Киргизи и малцинските Узбеки.

По изборот на Атамабев за претседател, во земјата започна воспоставување на демократски систем.

Киргистан е една од најсиромашните земји во регионот, чија економија е зависна од Русија, поради што актуелните власти важат за проруски ориентирани.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска