Американскиот претседател Барак Обама доцна синоќа најави дека повеќе нема да потпишува предлог-закони со кои би се одредувало времено финансирање на федералната администрација и го повика Конгресот да го усвои државниот буџет за фискалната 2016 година.
– Повеќе нема да потпишувам предлог-закони за времено финансирање, изјави Обама, нагласувајќи дека е неприфатливо Конгресот да дозволи прекин на работата на државната администрација.
Ваквата најава на Обама уследи откако претходно го парафираше законот за времено финансирање на американската федерална администрација до 11 декември.
Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу вчера соопшти дека го информирал Конгресот оти очекува новиот буџет да биде одобрен најдоцна до 5 ноември.