Планинарски хепенинг „Да поШАРаме до Пожаране“

Од:

Запознавање и уживање во убавините на Шар Планина, е целта на планинарско – велосипедскиот хепенинг „Да поШАРаме до Пожаране“, што ќе се одржи денеска во селото Пожаране.

Планинарско – велосипедскиот хепенинг е во организација на ПД „Трансверзалец” од Скопје, а во соработка со ПД „Бистра” – Гостивар, ВК „Адреналин” – Гостивар и здружението „Единствена Македонија”.

Настанот, како што информираат организаторите, вклучува две планинарски и две велосипедски тури.

Во рамките на планинарските тури првата вклучува искачување на врвовите Голема и Мала Враца, а помалата тура предвидува прошетка околу селото и шумата со костени до археолошкиот локалитет Долна Локва.

Велосипедските тури опфаќаат возење по трасата „Шарски Води“ од Попова Шапка до Пожаране (55 км) и од Гостивар преку селото Долно Јеловце до Пожаране (35 км).

Спортско-рекреативните активности завршуваат околу 16 часот во дворот на селската задруга во Пожаране, каде ќе има заеднички ручек и музичка забава.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза