Одбележан настанот „Градиме мостови“

Од:

Повеќе од 700 ученици од 30 училишта од цела Македонија се собраа денеска во Градскиот парк во Скопје на настанот „Градиме мостови“, организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Градиме мостови“ е фонд кој нуди грантови за општините, училиштата, учениците, наставниците и родителите за организација на заеднички активности меѓу различните заедници. Учениците кои денеска беа на настанот се корисници на грант од фондот и учествуваа со заеднички песни, претстави, спортски активности и танц.

Иницијативата денеска ја промовираа Министерството за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и амбасадите на Швајцарија и Холандија.

– Проектот „Геадиме мостови“ се реализира веќе неколку години. Во него се вклучени повеќе од 30 училишта, со наставни и воннаставни активности на ученици од различни етнички заедници. Главната цел е децата да се зближат, симболично да се градат мостови меѓу различните етнички заедници во Македонија. Како Министерство го поддржуваме овој проект, како и други активности за имплементација на Стратегијата за интегрирано образование, изјави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Маријане Берец истакна дека големиот интерес за проектот покажува дека училиштата, наставниците, родителите и учениците гледаат потреба за зголемување на интеракцијата меѓу нивните заедници и, како што рече, не се плашат или не се рамнодушни како што некои можеби ќе кажат.

Амбасадорите на Швајцарија и на Холанадија, Стефано Лазарото и Ваутер Пломп, искажаа целосната поддршка за проектот и за резултатите кои произлегуваат од него.

– Ние сме среќни дека придонесовме за создавање инструмент за поттикнување на соработка, размена и прифаќање меѓу различните училишта и заедници, рече Лазарото.

Амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, пак, додаде дека е среќен што ги гледа како, без оглед на етничката и верската припадност, младите градат мостови на пријателство и разбирање, мостови кои, рече тој, водат кон просперитетно општество.

На сцената на Школка во Градскиот парк имаше и музичка програма во која настапија Ребека, Тони Зен, Флека бенд и Канита Сума, учесничката на Икс фактор Албанија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза