Откриена спомен плоча на Ангел Винички во село Драгобрашта- Виничко

Од:

Во присуство на жители од неколку винички села и претставници на боречките организации од Виница, Кочани, Штип и Берово, во селото Драгобрашта – Виничко е откриена спомен плоча на Ангел Винички. Тој бил курир на Гоце Делчев, кој својата револуционерна дејност ја остварувал на територијата од Ќустендил, Република Бугарија, преку Осоговијата, Саса до село Драгобрашта – Виничко, каде што бил пунктот за собирање на оружје и муниција за организацијата.

Пред присутните за животот и делото на Ангел Винички зборуваше Тодор Димитров, претседател на виничката боречка организација.

– Ангел Винички е маркантна личност од предилинденскиот и илинденскиот период од овој крај. Пренесувал муниција и оружје од работилницата за оружје во селото Саблер кај Кустенил, Република Бугарија. Муницијата ја пренесувал преку тајни канали низ Осоговијата до село Драгобрашта каде што бил и собирниот пунк на организацијата. За Ангел Винички се испеани и неколку народни песни за неговото херојско дело, истакна во своето обраќање Димитров.

Поставувањето на спомен плочата за Ангел Винички финансиски го помогнаа општина Виница и неколку приватни компании од овој крај.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза