Се чисти коритото на реката Драгор во Битола

Од:

Општина Битола и локалните јавни претпријатија „Нискоградба“, „Комуналец“ и „Водовод“ денеска кај месноста „Црн Мост“ во овој град, почнаа акција за чистење на коритото на реката Драгор.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески информира дека во еколошката акција, која е составен дел на кампањата „Македонија без отпад“ планирано е чистење и на повеќе диви депонии.

– Регистриравме 20 диви депонии кои ќе ги чистиме со јавните комунални претпријатија, а за жал повторно ги направиле несовесни граѓани. Во оваа прилика апелирам да не се фрла отпад на зелени површини, несовесните граѓани да ја променат свеста и да не фрлаат отпад. Во наредниот период нашите инспектори нема повеќе да опоменуваат, туку ќе пишуваат казни бидејќи се загадуваат многу локации, и исчистените и новоформирани, посочи Талески.

Чистењето на коритото на реката Драгор ќе се врши неколку денови, а во овој период се очекува да бидат исчистени и регистрираните депонии во општина Битола.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза