Американската тенисерка Венус Вилијамс е победничка на ВТА турнирот во Вухан, Кина, откако нејзината противничка Шпанката Гарбине Мугуруза го предаде финалниот меч, при водство на Вилијамс од 6-3 и 3-0 во гемови.
Мугуруза имаше повреда на скочниот зглоб и не можеше да го продолжи финалето.
За 35. годишната Венус Вилијамс ова е вкупно 47. трофеј во нејзината богата кариера, а втора годинава, откако претходно беше најдобра и на турнирот во Оукленд.